ПРВ.мк

Ја нападнал мајка си и се заканувал со остар предмет

Ја нападнал мајка си и се заканувал со остар предмет
VERO Banner

Млад кавадарчанец бил лишен од слобода денеска изутрина, по пријава дека ја нападнал мајка си и се заканувал со остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.

„Денеска во 02.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Л.Е.(21) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна мајка, дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет. Л.Е. бил задржан во полициска станица, а предметот бил одземен. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поденсена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.

Како што додадоа оттаму, еден час претходно, во ОВР Неготино било пријавено дека на улица „Страшо Пинџур“ во Неготино бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Љ.С.(25) и И.Н.(19), двајцата од Неготино.

По документирање на настанот, против нив ќе била поднесена соодветна пријава.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран