Алајдин Сулејмани, 30-годишен од Арачиново им подлегна на тешките повреди кои ги здоби пред неколку часа од истрели во близина на Полициската станица Бит Пазар. Младиот маж почина во операциона сала на Државната клиника во Скопје, пишува весникот „Коха“.
Настанот се случил денес, по петочната молитва, кога засега непознати лица испукале неколку куршуми кон 30-годишникот, кој бил погоден во глава, граден кош и други делови од телото.
Алајдин бил итно пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
Полицијата истражува дали денешното пукање има поврзаност со физичка пресметка меѓу две групи што се случила пред околу две недели.