ПРВ.мк
Црна Хроника

ПО 26 ГОДИНИ ПОВТОРНО СЕ ШИРИ ОПАСНА ЗАРАЗНА БОЛЕСТ: Илјадници заразени, 13 лица починале

ПО 26 ГОДИНИ ПОВТОРНО СЕ ШИРИ ОПАСНА ЗАРАЗНА БОЛЕСТ: Илјадници заразени, 13 лица починале

Сериозен здравствен аларм во Соединетите Американски Држави, каде што морбилите повторно се шират, поради што земјата го губи статусот на држава во која оваа заразна болест беше елиминирана пред 26 години.

Според информациите на „Ројтерс“, Панамериканската здравствена организација (ПАХО) ја известила американската администрација дека САД повеќе не ги исполнуваат условите за задржување на статусот стекнат во 2000 година.

Од почетокот на 2025 година во САД се регистрирани околу 7.700 заболени од морбили, додека 13 лица починале.

Станува збор за најголем број случаи во земјата во последните повеќе од три децении.

Одлуката следува по анализа на епидемиолошките и лабораториските податоци доставени од американските Центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Здравствените експерти утврдиле дека вирусот продолжил да циркулира во земјата најмалку 12 месеци, што е клучен критериум за губење на статусот на елиминација.

Особено значајна била епидемијата во сојузната држава Јута, која започнала во јуни 2025 година.

ПАХО ги повика американските власти да ја засилат вакцинацијата за да се спречи понатамошното ширење на заразата.

Морбилите се исклучително заразна вирусна болест, која може да предизвика сериозни компликации, особено кај малите деца и лицата со ослабен имунитет.

Здравствените експерти предупредуваат дека намалениот опфат со вакцинација придонесува за повторно појавување на поголеми епидемии.

Се очекува ПАХО официјално да ја објави одлуката во вторник, 17 ноември.

Важно е да се нагласи дека морбилите никогаш не биле целосно искоренети во светот. САД во 2000 година го добија статусот на елиминација на континуираното локално пренесување на вирусот, кој сега го губат.