ПРВ.мк
Црна Хроника

Пензионер предизвикал пожар – пламенот за малку ќе стигнел до куќите

Пензионер предизвикал пожар – пламенот за малку ќе стигнел до куќите

Пензионер предизвикал пожар – пламенот за малку ќе стигнел до куќите

Седумдесет и тригодишен жител на радовишкото село Калуѓерица е приведен под сомнение дека предизвикал пожар, кој зафатил повеќе имоти и во еден момент се заканувал да се прошири и кон околните куќи.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил откако мажот запалил оган на нива во сопственост на неговиот брат. Поради ширењето на пламенот, пожарот зафатил сува трева, дел од игралиште, нива со луцерка, насад со ореви и дел од сушара за тутун во сопственост на различни лица.

Од МВР информираат дека во еден момент постоела реална опасност огнот да се прошири и кон околните куќи, но благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Радовиш, пожарот бил локализиран и изгаснат.

Во инцидентот нема повредени лица.

За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот против 73-годишниот осомничен ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.