ПРВ.мк
Црна Хроника

Пад на работа: 50-годишник итно пренесен во Скопје, институциите веќе на терен

Пад на работа: 50-годишник итно пренесен во Скопје, институциите веќе на терен

Сериозен инцидент се случил вчера претпладне, кога маж на возраст од 50 години бил итно пренесен во здравствена установа со тешки повреди.

Случајот бил пријавен во полициската станица во Кочани околу 11:15 часот, откако од Итната медицинска служба било известено дека кај нив пристигнал повреден маж од селото Соколарци, во општина Чешиново – Облешево.

Според првичните информации, повредите настанале додека тој извршувал градежни активности за фирма од Кочани. Во текот на работата, дошло до пад од височина, што резултирало со сериозни телесни повреди.

Поради тежината на состојбата, повредениот бил итно транспортиран во скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“, каде му се укажува понатамошна медицинска грижа.

Надлежните институции веднаш реагирале. По насоки од јавен обвинител, на местото на настанот бил извршен увид од страна на полициска екипа, во координација со инспектори за безбедност при работа и трудови односи.

Се преземаат мерки за утврдување на сите околности под кои се случил инцидентот.