ПРВ.мк
Црна Хроника

ГРАДОТ ПОД ЛУПА: Охриѓани уапсени по специјална акција – еве што направиле!

ГРАДОТ ПОД ЛУПА: Охриѓани уапсени по специјална акција – еве што направиле!
Kristal

На 06.12.2025 година, околу 22:20 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид спровеле акција во селото Велгошти, при што бил лишен од слобода Н.Ѓ. (45) од Охрид.

При извршен преглед кај него била пронајдена и одземена опаковка со бела прашкаста материја, за која постои сомнение дека е недозволена дрога.

Во истиот момент, полициските службеници ги затекнале и А.Т. (31), А.В. (26) и И.Р. (50), сите од Охрид, со кои Н.Ѓ. бил во контакт. Поради основано сомнение за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, тројцата исто така биле лишени од слобода.

Од МВР известуваат дека истрагата продолжува и дека, по целосно расветлување и документирање на случајот, против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

FixCredit
Atensa 300
Escape