ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА БРУТАЛНО ПРЕТЕПАНАТА ЖЕНА: Пред полицијата и лекарите открила кој ја тепал

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА БРУТАЛНО ПРЕТЕПАНАТА ЖЕНА: Пред полицијата и лекарите открила кој ја тепал

Жената која вечерва беше примена во Ургентниот центар во Скопје со сериозни телесни повреди и деформирано лице од удари, пред полицијата и лекарите изјавила дека сопругот ја тепал два дена, дознава „Слободен печат“ од болнички извори.

Пациентката била транспортирана од Гостивар со возило на Итната медицинска помош, а при приемот била слабо контактибилна.

Лекарите вршат медицински испитувања за утврдување на степенот на повредите, меѓу кои и компјутерска томографија на главата. Кај пациентката биле констатирани повреди на главата и градниот кош, деформитети на лицето и хематом на устата.

„Пациентката е на иследување, има повреди на градниот кош и на главата, деформитети на лицето. Настанот се случил вчера ама денес е пријавено. Полицијата е известена и разговара со неа. Жената е од Гостивар“, изјави за „Слободен печат“ доктор Дејан Здравковски, раководител на Ургентниот хируршки центар.

Жената ќе биде хоспитализирана за понатамошно лекување и следење на нејзината здравствена состојба.

Полицијата е известена за случајот, а засега нема официјални информации дали сопругот е приведен.

Најнови вести