Страшна несреќа го потресе италијанскиот град Милано, откако трамвај излета од шините во самиот центар и удри во луѓе што се движеле по улицата. Во трагедијата загинаа две лица, а најмалку 39 се повредени.
Според првичните информации, возилото изгубило контрола, излегло од колосек и налетало на пешаци. Едно лице починало на самото место, додека вториот смртен случај бил потврден подоцна од медицинските служби.
Најголем дел од повредените се патници кои во моментот на несреќата се наоѓале во трамвајот. Итните служби брзо интервенирале, а повредените биле пренесени во болници низ градот. Дел од нив се со полесни повреди, но има и случаи со посериозна состојба.
Центарот на Милано беше блокиран со часови додека траеше увидот и отстранувањето на трамвајот. Полицијата започна истрага за да се утврдат причините за излетувањето од шините – дали станува збор за технички дефект, човечка грешка или друг фактор.
Жителите на градот останаа во шок, а надлежните најавија дополнителни безбедносни проверки на јавниот превоз за да се спречат вакви трагедии во иднина.


















