ПРВ.мк
Свет

ХАОС ВО НЕБОТОТ: Авиокомпании масовно откажуваат летови!

ХАОС ВО НЕБОТОТ: Авиокомпании масовно откажуваат летови!
Kristal

По серијата напади на Израел и САД врз Иран, бројни авиокомпании ги суспендираат летовите до Тел Авив, Бејрут, Дубаи и други клучни градови. „Луфтханза“, „Ер Франс“, „КЛМ“, „Виз Ер“ и други го прекинаа сообраќајот до 7 март, додека Ирак, Катар, Кувајт и ОАЕ затворија дел од својот воздушен простор.

Израелската влада прогласи вонредна состојба, а израелскиот министер за одбрана Кац потврди дека нападите врз Иран се превентивни и координирани со САД. Американските претставници предупредуваат дека операцијата би можела да биде значително поголема од минатите напади врз иранските нуклеарни постројки.

Оперативните одлуки на авиокомпаниите продолжуваат да се менуваат во зависност од развојот на ситуацијата, а стотици патници ширум светот се заглавени или пренасочени.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo