Министерството за надворешни работи апелира до сите македонски државјани кои се во Израел строго да ги следат упатствата на надлежните власти. Воздушниот простор е затворен за цивилни летови, а сите комерцијални летови се суспендирани до понатамошно известување.
Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив предупредува: останете во заштитени простори, имајте вода, храна, лекови и полнети мобилни телефони, и следете ги ажурирањата во реално време од Командата на домашен фронт.
За итни ситуации, македонските граѓани можат да се обратат на Амбасадата: 📞 +972 54 500 8566 📞 +972 54 967 0546 ✉ [email protected]
Министерството континуирано ја следи ситуацијата и ќе информира за понатамошниот развој.


















