На 25 април 2026 година во СВР Скопје било пријавено од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ дека 80-годишен маж од село Љуботен им подлегнал на повредите.
Според информациите, тој бил примен на 20 април со тешки телесни повреди, кои ги здобил во својот двор додека го поправал тракторот. Во еден момент, возилото се придвижило и го прегазило.
И покрај лекарската помош, на 25 април во утринските часови починал.
По наредба на надлежните, телото е предадено на обдукција, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.






