ПРВ.мк
Црна Хроника

Нов напад врз американската амбасада – сцените се застрашувачки!

Нов напад врз американската амбасада – сцените се застрашувачки!
Kristal

Силни детонации го потресоа Багдад откако комплексот на Амбасада на САД во Багдад бил цел на сериозен напад, што предизвика пожар и густ чад во заштитената зона на градот.

Според безбедносни извори, нападот бил изведен со комбинација од ракети и беспилотни летала. Дел од проектилите биле пресретнати од системите за противвоздушна одбрана, но еден дрон сепак успеал да падне во рамките на комплексот, предизвикувајќи пожар.

Очевидци сведочат за низа експлозии, по што веднаш се активирале сирените во т.н. „Зелена зона“, дел од градот каде се сместени владините институции и странските дипломатски претставништва.

По инцидентот, ирачките безбедносни сили го зголемиле присуството и го ограничиле движењето во околината, додека надлежните го оценуваат нападот како еден од најсериозните во последниот период.

Засега нема потврдени информации за жртви, но настанот доаѓа во време на зголемени тензии во регионот, со зачестени напади насочени кон американски цели.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo