ПРВ.мк
Црна Хроника

НАЈНОВА ВЕСТ: Трагедија на македонски пат – едно лице загина на лице место

НАЈНОВА ВЕСТ: Трагедија на македонски пат – едно лице загина на лице место

Тешка сообраќајна несреќа со трагичен исход се случила денеска околу 13 часот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во атарот на селото Градец.

Според информациите, мотоцикл со неготински регистарски ознаки, управуван од М.Н. (50) од Неготино, удрил во банкина.

Од здобиените повреди, 50-годишниот мотоциклист починал на самото место.

Несреќата била пријавена во ОВР Крива Паланка, а увид на местото извршила полициска екипа.

Се очекува надлежните да ги утврдат околностите под кои дошло до трагичната сообраќајна несреќа.