Седумдесетгодишен скопјанец пријавил дека бил измамен за 720.000 денари, откако лице во повеќе наврати му барало пари со различни изговори, информира Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен на 5 септември во 18 часот во СВР Скопје. Според пријавеното, во периодот од 18 јануари до крајот на февруари 2026 година, лицето А. „Н“ во повеќе наврати побарувало пари од 70-годишникот.
Најпрво, парите биле побарани со образложение дека се потребни за лекување на неговиот син во странство. Потоа, според пријавата, биле побарани дополнителни средства со изговор дека треба да се регулира долг за вода.
На овој начин, според пријавеното, 70-годишниот скопјанец бил оштетен за вкупно 720.000 денари.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување и целосно документирање на случајот.






