На 23 ноември 2026 година во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ф.С. (21) од Струмица.
Според пријавеното, тој истиот ден во Струмица извршил обљуба врз 12-годишна малолетничка.
За настанот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи – Струмица, а по целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.





