Во Кавадарци, синоќа беше пронајдено телото на младо момче во викендичка на Тиквешко Езеро. Според Секторот за внатрешни работи – Велес, пријавата била поднесена во 22:45 часот од И.Д., 42-годишен кавадарчанец, кој го пронашол својот пријател С.С., 46-годишен, починат во неговата викендичка.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Увид извршил јавен обвинител во соработка со екипа од ОВР – Кавадарци. По наредба на обвинителот, телото на починатиот е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.