Мајка од Кавадарци пријавила во полиција дека две малолетнички физички ја нападнале нејзината малолетна ќерка на улицата „Сремски фронт“ во градот, при што, според пријавеното, едната ја држела, а другата ја повредила со цигара.
Настанот бил пријавен на 18 ноември, во 22:30 часот, во Одделението за внатрешни работи Кавадарци, а според пријавата, инцидентот се случил на 16 ноември.
Информацијата ја соопшти СВР Велес, од каде информираат дека за случајот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Кавадарци.
Полицијата презема мерки за утврдување на околностите и целосно расчистување на случајот.






