Вознемирувачки инцидент бил пријавен во полицијата во Скопје, откако 45-годишна жена пријавила дека повозрасен маж недолично ја допирал нејзината малолетна ќерка додека се возела во автобус.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 21 октомври, околу 18:35 часот, во автобус кој сообраќал на подрачјето на скопската општина Центар.
Мајката го пријавила случајот во СВР Скопје истата вечер, во 21:40 часот, наведувајќи дека повозрасно машко лице ја допирало по телото нејзината малолетна ќерка.
Од полицијата засега не соопштуваат дополнителни детали за идентитетот на пријавеното лице, ниту за околностите под кои се случил инцидентот.
Надлежните служби преземаат мерки за утврдување на фактите и целосно расчистување на случајот.








