ПРВ.мк
Црна Хроника

КРВАВА ДРАМА: Го претепал до смрт познаникот со шипка, па сам викнал полиција - еве каква казна му следува!

КРВАВА ДРАМА: Го претепал до смрт познаникот со шипка, па сам викнал полиција - еве каква казна му следува!

Трагедија се случила во Гајдобра, кај Бачка Паланка, каде што маж починал во болница откако бил нападнат и удрен со метална шипка, пренесуваат српските медиуми.

Според неофицијалните информации, жртвата била од Силбаш и дошла кај свој познаник во Гајдобра. По расправија, наводно дошло до физички напад при кој мажот бил удрен со метална шипка.

По нападот, осомничениот, според информациите, сам ја повикал полицијата.

Тешко повредениот маж бил итно пренесен во Ургентниот центар. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но, и покрај напорите, тој починал од здобиените повреди.

На местото на настанот бил извршен увид од полицијата и надлежниот обвинител.

На осомничениот му е одредено задржување, а истрагата треба да ги утврди сите околности што довеле до трагичниот настан.

Најнови вести