ПРВ.мк
Црна Хроника

Кој стои зад питачите на скопските улици? МВР истражува можна организирана криминална групаКој стои зад питачите на скопските улици? МВР истражува можна организирана криминална група

Кој стои зад питачите на скопските улици? МВР истражува можна организирана криминална групаКој стои зад питачите на скопските улици? МВР истражува можна организирана криминална група

Министерството за внатрешни работи проверува дали зад питачењето на скопските улици и крстосници стојат организирани криминални групи кои ја користат оваа појава за незаконско стекнување пари. Надлежните веќе преземаат активности, а доколку се потврдат сомневањата, ќе следуваат кривични пријави.

Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во гостувањето во поткастот „На кавга со Иван“ на телевизија Канал 5.

Тој посочи дека полицијата располага со основани сомневања за можно организирано криминално дејствување поврзано со питачењето, особено во случаите кога лица се забележуваат на крстосниците во различни смени.

Според министерот, против лицата кои со своето присуство на коловозите ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот се преземаат мерки согласно законските прописи.

Меѓутоа, таму каде што ќе се утврди дека станува збор за организирана криминална група, постапувањето ќе биде според одредбите од Кривичниот законик, со можност за поднесување кривични пријави.

Тошковски откри дека од 1 октомври започнала засилена заедничка акција на МВР и Министерството за социјална политика, демографија и млади, насочена кон системско решавање на проблемот со питачењето во главниот град.

Посебно внимание во акцијата им се посветува на малолетниците кои се затекнуваат како питачат на улиците, бидејќи институциите ги третираат како потенцијални жртви на злоупотреба.

Според најавениот протокол, децата затекнати на терен се носат на здравствени прегледи во Детската клиника „Козле“, по што надлежните центри за социјална работа одлучуваат за понатамошното згрижување.

За таа намена е обезбеден и дел од објектот „25 Мај“ во скопската општина Бутел, каде што досега се згрижени две деца.

Надлежните служби продолжуваат со секојдневни контроли на скопските крстосници, со цел да се спречи злоупотребата на ранливи лица, особено деца, и да се утврди дали зад питачењето постои организирана криминална структура.

Најнови вести