На 13.05.2025 во 15.10 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле Ј.М.(43) од с.Ларце, тетовско, затоа што агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени дејствија. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.