Тешко е повреден скопјанец кој бил нападнат од неколку лица откако настанал инцидент поради недозразбирање во сообраќајот.
– На 14.05.2025 околу 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, Р.Ж.(56) од Скопје бил физички нападнат од неколку лица, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопштија од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.