Утре, четврток (15 мај 2025 година), делови од тетовскиот регион ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.
Според најавата на ЕВН, без струја од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат:
Дел од село Доброште – објектите кои се наоѓаат над старата џамија. Дел од село Слатино – објектите кои се наоѓаат во близина на фабрика Буљони.
Од ЕВН апелираат граѓаните да бидат претпазливи и навремено да ги завршат обврските кои зависат од електрична енергија.