ПРВ.мк
Црна Хроника

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПСКИ ЦЕНТАР: Приведени 14 млади лица

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПСКИ ЦЕНТАР: Приведени 14 млади лица

Во раните утрински часови во скопски Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале повеќе млади лица.

Како што информира МВР, денеска (27 септември) околу 03:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар ги привеле М.Е. (19), Г.С. (19), И.Р. (20), А.М. (20), Л.Ѓ. (19), А.А. (19), В.Г. (19) и Ж.А. (20), сите од Скопје.

Покрај нив, приведени биле и шест малолетници на возраст од 17 години, исто така од Скопје.

Според полициското соопштение, вкупно 14 лица биле приведени откако го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против учесниците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.