На 24 април 2026 година околу 21:50 часот во Градски трговски центар, полициски службеници привеле двајца малолетници од Скопје и Богданци.
Приведувањето следувало по пријава дека тие, заедно со уште двајца малолетници, извршиле кражба на производи од маркет лоциран во рамки на трговскиот центар.
При извршен претрес кај нив биле пронајдени одземените производи, но и нож и електрошок.
По целосно документирање на случајот, против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.








