ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА УТРОВО: Претреси на повеќе од 10 локации, под истрага приватна болница и вработени во Фондот за здравство!

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА УТРОВО: Претреси на повеќе од 10 локации, под истрага приватна болница и вработени во Фондот за здравство!

Утрово припадници на Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи повторно спроведуваат полициска акција, при што се вршат претреси на повеќе локации низ државата.

Според неофицијалните информации, полициските активности се одвиваат на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово. Во фокусот на истрагата, според првичните сознанија, се одговорни лица од приватна болница, како и вработени во Фондот за здравствено осигурување.

Тие се осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари. Истрагата треба да ги утврди сите околности поврзани со сомнежите за незаконско постапување и евентуалната одговорност на инволвираните лица.

Според неофицијалните информации, финансиските последици од случајот се значителни. Штетата што наводно му е нанесена на буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за приватната болница се проценува на околу 4 милиони евра.

Освен сомнежите за финансиска штета, според првичните информации, оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата.

Полициската акција е во тек, а повеќе информации за случајот, опфатените лица и досегашните резултати од истрагата се очекуваат во текот на денот.