Огнот брзо се проширил, зафаќајќи ја внатрешноста на станот и куќата, и создавајќи реална и сериозна опасност по животот на луѓето и имотот. Станот се наоѓал во станбена зграда, што дополнително ја зголемило опасноста за соседите и станарите.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за две кривични дела „предизвикување општа опасност“, откако било утврдено дека намерно подметнал пожари во викенд-куќа во Катланово и стан во Скопје – двете сопственост на неговата сопруга, со која бил во бракоразводна постапка.
Инцидентот се случил на почетокот на мај. Според обвинителството, на 1 мај, осомничениот телефонски им се заканувал на сопругата и на нивниот малолетен син дека ќе ги запали нивните имоти. Само еден ден подоцна, на 2 мај, тој ги реализирал заканите – со помош на бензин подметнал пожар пред влезните врати на двата објекти.
Огнот брзо се проширил, зафаќајќи ја внатрешноста на станот и куќата, и создавајќи реална и сериозна опасност по животот на луѓето и имотот. Станот се наоѓал во станбена зграда, што дополнително ја зголемило опасноста за соседите и станарите.
„Во текот на истрагата, обвинителството прибра доволно докази за да поднесе обвинителен предлог до Основниот кривичен суд Скопје. Надлежниот јавен обвинител предложи продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот, кој се сомничи за дела по член 288 став 1 од Кривичниот законик. Случајот предизвика загриженост во јавноста поради сериозноста на дејствијата и можните последици по животот и безбедноста на другите граѓани. Очекувањата се дека судскиот процес ќе започне наскоро“, наведено е во соопштението.