ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) ТАЖНА ВЕСТ: Почина легендарна македонска пејачка!

(ФОТО) ТАЖНА ВЕСТ: Почина легендарна македонска пејачка!
Kristal

Македонската музичка сцена остана без една од своите најпрепознатливи и најпочитувани фигури. На 87-годишна возраст, во Гостивар почина Костадинка Ѓорѓиоска Палазова, доајен на македонската народна песна. Жалната вест ја соопшти нејзиното семејство, кое потврди дека таа починала синоќа, на 28 јануари 2026 година, по кратко боледување, во градот во кој живееше со години.

Костадинка Палазова зад себе остави исклучително богат и вреден музички траг. Во текот на својата долга и плодна кариера, таа соработувала со бројни реномирани композитори и музички продукции, а нејзиниот опус брои повеќе од 300 снимени народни песни. Голем дел од нив се посветени на егејскиот крај, со што таа даде значаен придонес во зачувувањето на македонската музичка и културна традиција.

Со својата интерпретација, автентичен глас и длабока емоција, Палазова се вбројува меѓу најзначајните македонски пејачи и автори, чие творештво останува трајно врежано во колективната меморија.

Родена е во 1939 година во кукушкото село Сехово. Како последица на егзодусот на Македонците од Грција, таа се преселила и го продолжила животот во Гостивар. Паралелно со музиката, целиот работен век го посветила на просветата, а дел од својот живот – речиси една деценија – живеела и работела и во Швајцарија.

Последното збогување со Костадинка Палазова ќе се одржи денес, на новите градски гробишта во Гостивар, каде што семејството, пријателите и почитувачите ќе ѝ оддадат последна почит на жената која со својот глас остави неизбришлива трага во македонската народна музика.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape