ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) МАСАКР НА АВТОПАТ: Возач со 130 на час влетал во спротивна насока!

(ФОТО) МАСАКР НА АВТОПАТ: Возач со 130 на час влетал во спротивна насока!

Стравична сообраќајна несреќа го потресе регионот откако денеска, околу 13:00 часот, на автопатот Шабац-Рума се случи вистински масакр во кој животот го загубија четири лица. Трагедијата ја предизвикал возач на автомобил марка „форд“ од Белград, кој со ненормална брзина од 130 километри на час се движел во спротивна насока по брзата сообраќајница. Тој директно се заби во автомобил „голф“, во кој се наоѓале четворица сопатници кои тргнале на пат кон Словенија.

На лице место веднаш загинале три лица, додека четвртата жртва им подлегнала на повредите во болница по неуспешните обиди за реанимација. Единствениот преживеан од „голфот“, 22-годишно момче, во критична состојба и со повреди опасни по живот е итно префрлен во Белград, каде лекарите водат жестока битка за неговиот живот. Сцените на местото на несреќата биле застрашувачки, а возилата биле до толку уништени што полицијата и противпожарните единици со часови работеле на извлекување на настраданите.

Јавноста е во шок по објавувањето на видео снимките од надзорните камери кои го покажуваат моментот кога „фордот“ во полна брзина се сече во возилото кое се движело во својата лента. Истрагата треба да утврди како возачот завршил во спротивната лента и дали се работи за фатална грешка или свесно кршење на сообраќајните правила. Оваа трагедија уште еднаш го вклучи алармот за безбедноста на патиштата и потребата од построги контроли врз несовесните возачи кои со своето однесување уништуваат цели семејства.