Америка се враќа на „старите патишта“. Министерството за правда на САД донесе шокантна одлука која ја крена светската јавност на нозе: федералните смртни казни не само што се враќаат во игра, туку ќе се извршуваат побрзо и со методи од кои лазат морници.
Додека администрацијата на Бајден се обидуваше да ја згасне смртната казна, тимот на Доналд Трамп реши целосно да го промени правецот. Покрај стандардната смртоносна инјекција, на списокот на дозволени методи официјално се додава и стрелањето. Овој метод, кој многумина го сметаат за остаток од минатото, сега станува реална опција за најтешките криминалци.
Вршителот на должност државен обвинител, Тод Бланш, беше остар во својата изјава. Тој ја обвини претходната власт за непочитување на законот и заштита на криминалците.
„Одбивањето да се изврши најстрогата казна врз терористи и убијци на деца беше предавство на американскиот народ. Под водство на Трамп, ние застануваме на страната на жртвите“, изјави Бланш.
Новиот план предвидува драстично кратење на времето поминато во „ќелиите на смртта“. Процедурите ќе се поедностават за да се елиминираат долгогодишните жалби и одложувања. Целта е јасна – од пресуда до извршување да поминуваат што е можно помалку години.
Стрелањето веќе е дозволено во пет сојузни држави, а неодамнешниот случај во Јужна Каролина, каде маж беше погубен на овој начин, беше само најава за она што следува на федерално ниво. САД повторно ја заземаат позицијата на земја која не преговара со најопасните, враќајќи ги методите кои со децении беа во сенка.
Дали Америка се враќа во ерата на „Дивиот Запад“ или ова е единствениот начин за вистинска правда? Светот дебатира, додека стрелачките водови се подготвуваат.










