ПРВ.мк
Црна Хроника

Тешка сообраќајка – има повредени

Тешка сообраќајка – има повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат Подмоље – Струга, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а уште две лица биле повредени.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 25 септември околу 20:20 часот во ОВР Струга.

Во судирот учествувале автомобил „пежо 2008“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 59-годишниот Ј.М. од Струмица, и „форд фиеста“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од 41-годишната К.Ш.З. од Кичево.

Во несреќата, 41-годишната жена се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот на „пежото“ и неговиот 57-годишен сопатник Р.М. од Струмица се здобиле со телесни повреди.

Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Струга.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.