ПРВ.мк
Црна Хроника

БЕЗБРОЈ ПРЕКРШОЦИ НА ПАТИШТАТА – ПРИВЕДЕНИ 9 ЛИЦА, МЕЃУ НИВ И МАЛОЛЕТНИЦИ!

БЕЗБРОЈ ПРЕКРШОЦИ НА ПАТИШТАТА – ПРИВЕДЕНИ 9 ЛИЦА, МЕЃУ НИВ И МАЛОЛЕТНИЦИ!

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се лишени од слобода девет возачи поради безобѕирно управување со возило.

Според информациите, сите биле затекнати како управуваат возила без возачка дозвола, а дел од нив биле инволвирани и во сообраќајни незгоди.

Меѓу приведените има и двајца малолетници, додека едно лице било затекнато и под дејство на алкохол.

Од МВР соопштуваат дека по две лица се приведени во Скопје и Прилеп, а по едно во Кочани, Гевгелија, Кратово, Македонски Брод и Кривогаштани. Во Македонски Брод и Кривогаштани приведените се малолетници.

Лицето во Кратово претходно учествувало во сообраќајна незгода, а едно од лицата во Прилеп било и под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Полицијата апелира до граѓаните да не управуваат возила без возачка дозвола или под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.