ПРВ.мк
Црна Хроника

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ПРЕД УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ: Кичевец пробал да ограби старец па го прободел со нож - еве што се случувало!

 КРВАВ ИНЦИДЕНТ ПРЕД УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ: Кичевец пробал да ограби старец па го прободел со нож - еве што се случувало!

На 22 октомври 2026 година, во 08:00 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода 60-годишниот А.Л. од Кичево.

Според претходната пријава, инцидентот се случил пред угостителски објект на улицата „Борис Кидрич“, каде што А.Л., наводно, со остар предмет му нанел повреди на 71-годишниот К.С. од Кичево, а потоа се обидел да му одземе пари.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на настанот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести