Воен хеликоптер на перуанските воздухопловни сили се урна денеска во близина на Санабамба, во регионот Ајакучо, за време на спасувачка мисија.
Според локалниот медиум „N60 Noticias“, бројот на загинати се проценува на осум лица, иако спасувачките екипи досега пронашле пет тела, додека по три лица сè уште се трага.
Фотографиите од местото на несреќата покажуваат дека леталото претрпело сериозни оштетувања при падот на нерамниот терен во џунглата.
Воениот хеликоптер Ми-17 извршувал операција за спасување и евакуација на воена патрола распоредена во оддалечениот регион.
Спасувачките активности продолжуваат, а непристапниот терен дополнително ја отежнува потрагата по исчезнатите.
Засега нема официјални информации за причините за падот на хеликоптерот.








