ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕРИОЗНА НЕСРЕЌА: Пешак прегазен во Кичево - ова е неговата состојба!

СЕРИОЗНА НЕСРЕЌА: Пешак прегазен во Кичево - ова е неговата состојба!

На 25.04.2026 година околу 10:10 часот во Кичево, во близина на кружниот тек на магистралниот пат кон Гостивар, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Т.Х. (57) од Кичево.

Тој, управувајќи патничко возило „мазда“ со кичевски регистарски ознаки, удрил во пешакот С.К. (60) од Кичево. Повредениот пешак бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево, каде што му биле констатирани телесни повреди.

По насока на јавен обвинител, возачот бил лишен од слобода, а возилото е одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.