Во штипската Клиничка болница завршија бабата и братот на една жена од село Таринци, откако нејзиниот сопруг физички ги нападнал членовите на нејзиното семејство.
Како што соопшти МВР, 37-годишниот С.К. бил уапсен синоќа од страна на полицијата, откако во дворот на родителите на неговата сопруга нападнал неа, нејзиниот брат, мајка и татко, при што употребил остар и тврд предмет.
Мајката и братот на нападнатата жена добиле тешки телесни повреди, по што биле хоспитализирани во болницата во Штип.
Насилникот е приведен и задржан во полициска станица, а случајот се расчистува.