ПРВ.мк
Црна Хроника

Возач удрил мотоциклист во Скопје и побегнал – повредениот е во тешка состојба

Возач удрил мотоциклист во Скопје и побегнал – повредениот е во тешка состојба

Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонски војски“ во Скопје.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 21 јули околу 14 часот. Во судирот учествувале мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 44-годишен жител на селото Волково, и патничко возило чиј возач по несреќата го напуштил местото на настанот.

Повредениот мотоциклист бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје, а од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото што учествувале во сообраќајната несреќа.

Истрагата за околностите под кои се случил судирот е во тек.