ПРВ.мк
Црна Хроника

АЕРОДРОМОТ ПОД ЛУПА: Огромен број вредни парчиња откриени кај патник - еве што открила полицијата!

АЕРОДРОМОТ ПОД ЛУПА: Огромен број вредни парчиња откриени кај патник - еве што открила полицијата!
Kristal

Царинските службеници на аеродромот во Франкфурт, Германија, пронајдоа над 11.270 дијаманти скриени во рачниот багаж на патник, објавија денеска царината и федералната полиција.

Дијамантите биле внимателно сокриени под лажно дно во торбата, а нивната вредност ќе биде утврдена подоцна од страна на експерти, пренесе агенцијата ДПА.

Мажот на возраст од 53 години, кој допатувал од Ангола, бил веднаш уапсен и ставен во притвор во истражен затвор. Тој не ги пријавил дијамантите при влезот во Германија, како што е законски предвидено, ниту пак можел да приложи потребен сертификат за потеклото на камењата.

FixCredit
Escape