ПРВ.мк
Црна Хроника

Драма на автопатот Скопје–Тетово: Маж нападнат со тврд предмет на патарина

Драма на автопатот Скопје–Тетово: Маж нападнат со тврд предмет на патарина

Вистинска драма се одвивала на наплатната станица Желино на автопатот Скопје–Тетово, каде што дошло до насилен инцидент по кој интервенирала полицијата.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода А.Р. (41) од тетовското село Добридол поради сомнение дека сторил кривично дело „насилство“.

Инцидентот се случил на 7 јуни околу 19 часот, кога осомничениот физички и со тврд предмет го нападнал Н.Џ. (28) од село Мала Речица.

Нападот бил прекинат благодарение на брзата реакција на полициските службеници кои биле присутни на местото на настанот. По интервенцијата, А.Р. бил приведен и спроведен во полициска станица.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Мотивите за нападот засега не се соопштени, а истрагата продолжува.