ПРВ.мк
Црна Хроника

Двајца велешани завршија во полиција: Пронајдена бела прашкаста материја, одземени пари и телефон

Двајца велешани завршија во полиција: Пронајдена бела прашкаста материја, одземени пари и телефон

Двајца велешани на возраст од 32 и 53 години биле приведени во две одделни полициски акции спроведени на 15 и 16 октомври, откако кај нив била пронајдена сомнителна материја.

Според информациите од СВР Велес, на 15 октомври, околу 23:40 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Т.А. (32) од Велес.

При извршен преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Вториот случај бил регистриран следниот ден, на 16 октомври, околу 14 часот, кога полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го привеле Т.М. (53), исто така од Велес.

При претрес во неговиот дом и други простории, извршен врз основа на судска наредба од Основниот суд Велес, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пари и мобилен телефон.

Двете лица биле приведени и задржани во полициска станица, а за случаите бил известен надлежен јавен обвинител.

Од СВР Велес информираат дека по целосното документирање на двата настана, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Засега не е соопштено за каква точно материја станува збор, ниту колкава количина била одземена.