ПРВ.мк
Црна Хроника

ДВАЈЦА ВЕЛЕШАНИ ИЗМАМИЛЕ 88-ГОДИШНИК: Им дал 300.000 денари, тие му оставиле празна чанта „со 10.000 евра“

ДВАЈЦА ВЕЛЕШАНИ ИЗМАМИЛЕ 88-ГОДИШНИК: Им дал 300.000 денари, тие му оставиле празна чанта „со 10.000 евра“

Двајца велешани заработија кривична пријава откако, според МВР, измамиле 88-годишен маж во Струга и од него зеле 300.000 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против А.С. (67) и Д.С. (42), двајцата од Велес, поради сомнение дека сториле кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Според пријавеното, случајот се случил на 6 август 2026 година во Струга. Двајцата на 88-годишникот му побарале да донесе пари, убедувајќи го дека ќе му овозможат да ја види сопругата на едниот од нив, која наводно била од странска земја, а потоа ќе го наградат.

Повозрасниот маж им поверувал и им предал 300.000 денари. Како гаранција, тие му оставиле чанта за која му кажале дека содржи околу 10.000 евра.

Откако двајцата заминале и не се вратиле ниту по половина час, 88-годишникот се вратил дома. Кога ја отворил чантата, открил дека во неа нема пари и сфатил дека бил измамен.