ПРВ.мк
Црна Хроника

Драматични сцени кај Аеродромот: Тепачка завршила со тешки повреди - ова е бројот на повредени!

Драматични сцени кај Аеродромот: Тепачка завршила со тешки повреди - ова е бројот на повредени!
Kristal

Синоќа во населбата Дубрава кај Живинице, пред Меѓународниот аеродром Тузла, избувна голема тепачка меѓу навивачите на Хајдук Сплит (Торцида) и Црвена ѕвезда. Припадниците на МВР на Тузланскиот кантон интервенираа и привеле 93 лица, додека дел од учесниците успеале да се разбегат пеш или со возила во непознат правец.

Полицијата утврди дека инцидентот се случил веднаш по слетувањето на авион со навивачи на Црвена ѕвезда, кои биле пресретнати од групата на Торцида веднаш надвор од аеродромскиот круг. Во судирот биле повредени 23 лица.

Најтешко поминал Стефан Вукшиќ (2000) од Приедор, кој добил повреди на главата, ’рбетот, градниот кош, раката и повеќекратни контузии, и бил задржан на лекување на Клиниката за анестезија и реанимација. Тешки телесни повреди се констатирани и кај Никола Каламанда (1983) од Теслиќ, Давид Рикиќ (2005) од Петрово и Здравко Дујиќ (2000) од Приедор.

Останатите повредени биле згрижени на Клиниката за болести на уво, нос и грло, хирургија на глава и врат и на Клиниката за ортопедија и трауматологија, по што по укажаната медицинска помош биле пуштени на домашно лекување.

Случајот е во тек на истрага, а полицијата продолжува со идентификација и прибирање докази за утврдување на одговорноста на сите учесници во инцидентот.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape