ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО КАВАДАРЕЧКО КАЗИНО: Агресивен гостин изнесен од обезбедувањето - полицијата утврдила неверојатни промили!

ДРАМА ВО КАВАДАРЕЧКО КАЗИНО: Агресивен гостин изнесен од обезбедувањето - полицијата утврдила неверојатни промили!

На 13 септември во 04:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле П.М. (27) од Кавадарци по пријава дека се однесувал агресивно во казино.

Според информациите од МВР, обезбедувањето го изнело 27-годишникот од објектот, но тој продолжил со несоодветното однесување и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои преземале службени дејствија. Притоа, тој и ги навредувал полициските службеници.

При преземените мерки и извршените проверки било утврдено дека П.М. бил под дејство на алкохол. Со мерење му биле констатирани дури 2,42 промили алкохол во крвта.

Лицето било задржано во полициска станица, а од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.