ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА КАЈ БЛАЦЕ: Полицаец нападнат и влечен со возило при акција против криумчарена стока - еве што криеле!

ДРАМА КАЈ БЛАЦЕ: Полицаец нападнат и влечен со возило при акција против криумчарена стока - еве што криеле!

На 12 септември околу 17:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот од Граничниот премин „Блаце“ кон Скопје, на местото викано „Вражји Вир“, полициски службеници од РЦ Север-ОПКМ забележале товарно возило „Фолксваген Транспортер“ со странски регистарски ознаки, натоварено со разновидна криумчарена стока.

Полициските службеници се обиделе да го сопрат возилото, но возачот продолжил да се движи. По кратко време полицајците успеале да го сопрат „Фолксвагенот“, но при обидот да го приведат возачот пристигнало и друго возило.

Од второто возило излегло едно лице, по што бил физички нападнат еден од полициските службеници.

Според пријавеното, потоа едно од лицата го фатило полицаецот за раката, додека другото лице го управувало возилото. Полицаецот бил влечен со возилото, по што бил пуштен и паднал, при што се здобил со повреди.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.