ПРВ.мк
Црна Хроника

Драма по полноќ: Жена пријавила напад, а потоа и сопругата го пријавила својот маж

Драма по полноќ: Жена пријавила напад, а потоа и сопругата го пријавила својот маж

Необична полноќна драма во Пехчево завршила со две пријави за физички напад, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Според полицискиот билтен, 68-годишна жена од Пехчево пријавила дека во периодот од 00:23 до 01:00 часот, додека во својот дом седела и разговарала со 43-годишен маж од истиот град, пристигнала неговата сопруга.

Како што навела пријавителката, жената се однесувала агресивно и физички ја нападнала.

Подоцна, според пријавеното, 43-годишниот маж физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга. И таа подоцна во полиција пријавила дека била нападната од својот сопруг.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Засега нема официјални информации за причините што довеле до конфликтот, па наводите за евентуален љубовен триаголник остануваат само шпекулации.