ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ПО КРАЖБА ВО ВЕЛЕС: Работничка ги забележала осомничените - еве каде полицијата ја пронашла украдената роба!

ДРАМА ПО КРАЖБА ВО ВЕЛЕС: Работничка ги забележала осомничените - еве каде полицијата ја пронашла украдената роба!

Тројца жители на Скопје се лишени од слобода откако биле осомничени дека извршиле кражба од продажен објект во Велес, при што украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 11 јули 2026 година во 12:30 часот, полициски службеници од СВР Велес ги привеле С.С. (32), М.Х. (22) и Б.Ј. (19), сите од Скопје.

Претходно, 39-годишна жителка на Велес, која била вработена во објектот, пријавила дека забележала две лица како излегуваат од продажниот простор носејќи поголема количина стока.

Кога се упатила кон нив, лицата започнале да бегаат, по што влегле во патничко возило и го напуштиле местото. Пријавителката потоа утврдила дека од објектот биле одземени повеќе предмети.

По преземените оперативни мерки, полициски службеници од СВР Велес го сопреле патничкото возило „голф“ со скопски регистарски ознаки. Возилото го управувал С.С., а сопатници биле М.Х. и Б.Ј.

При извршениот преглед, полицијата ја пронашла одземената роба во возилото, по што таа била вратена на сопственикот.

Тројцата биле приведени во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.