Во СВР Скопје било пријавено дека 33-годишен маж се здобил со повреди додека извршувал градежни работи во селото Буковиќ.
Според информациите од МВР, станува збор за лице од селото Копаница, кое добило струен удар, по што паднало на земја.
Повредениот веднаш бил пренесен во Градска општа болница „8 Септември“ каде му била укажана лекарска помош.









