СВР Тетово поднесе кривична пријава против 43-годишниот М.М. од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста“.
Според информациите од полицијата, на 3 септември 2026 година, пријавениот, кој во тој период издржувал затворска казна, преку апликација на социјална мрежа упатувал закани кон својата 34-годишна вонбрачна сопруга.
По документирањето на случајот, против него е поднесена кривична пријава за сомнение за загрозување на сигурноста.







