ПРВ.мк
Црна Хроника

ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ ВО СТРУМИЧКО! Кривична пријава против фирма и нејзиниот управител - еве колкава штета направиле!

ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ ВО СТРУМИЧКО! Кривична пријава против фирма и нејзиниот управител - еве колкава штета направиле!

СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице и неговиот управител В.Т. (38) од селото Бориево, општина Босилово, поради сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“.

Според информациите од полицијата, во периодот од 1 до 28 јануари 2026 година, кај правното лице, кое е даночен обврзник, и кај неговиот управител бил утврден кусок на парични средства во вкупен износ од 3.127.042 денари.

Станувало збор за средства наменети за материјални трошоци, кои потекнувале од претходната и од тековната година. Според утврденото, парите не биле оправдани со соодветна документација, ниту биле вратени на трансакциската сметка.

Поради ваквото постапување, според пријавата, Буџетот на државата бил оштетен за 347.414 денари.

Против правното лице и управителот ќе продолжи постапката по поднесената кривична пријава.