ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВА ИЗМАМА: Жена загуби над 12.000 евра - еве со што ја прелажале!

НОВА ИЗМАМА: Жена загуби над 12.000 евра - еве со што ја прелажале!
Kristal

Шеесет и седумгодишна жена од Виница стана жртва на телефонска измама, при што ѝ биле одземени 12.400 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата поднесена на 9 јануари 2026 година во 15:00 часот во ОВР Виница, жената била контактирана по телефон од лице кое се претставило како лекар. Тој ѝ соопштил дека нејзината снаа наводно претрпела тешка повреда на работното место и дека итно се потребни пари за хируршка интервенција.

Жената подигнала пари од банка и ги оставила на место што ѝ било посочено од измамникот, верувајќи дека така помага во спасувањето на својот роднина. Подоцна сфатила дека станува збор за измама и случајот веднаш го пријавила во полиција.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape